Пристап до информации и заштита на лични податоци на локално ниво
Аналитика во соработка со Центарот за европски развој и интеграција на 31 март организираше настан на тема „Пристап до информации и заштита на лични податоци" во Хотел Милениум Палас Битола.
На настанот беше промовиран извештајот од следењето на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Покрај тоа, се разговараше за транспарентноста на институциите на локално ниво и улогата на граѓанскиот сектор на локално ниво за поголема отвореност и ефикасност на институциите.