Презентација на јавното мислење околу полиција пред Колегиум на БЈБ
Тимот на Аналитика на 22ри септември 2016 ги презентираше наодите од истражувањето на јавното мислење околу работата на полицијата пред Колегиумот на Бирото за Јавна Безбедност (БЈБ) при МВР. Присутен на оваа средба беше и директорот на БЈБ Митко Чавков.
Истражувањето покажа дека полицијата е институција која ужива голема доверба во Република Македонија, односно 58,5 % од испитаниците тврдат дека имаат воглавно или потполна доверба во таа институција. И покрај овој голем процент на доверба што го ужива полицијата, скоро 60% од испитаниците сметаат дека корупцијата е распространета во полицијата.
Охрабрувачки е тоа што 76% од испитаниците изјавија дека би пријавиле случај на корупција во полицијата доколку воочат такво нешто. Сепак, испитаниците не беа сигурни каде точно треба да се пријави корупција, и само 12% од истите одговорија дека би пријавиле случај на корупција во Одделот за Внатрешна Контрола при МВР.
Ова истражување беше спроведено во рамките на мрежата Поинтпулс која е составена од седум невладини организации од Западниот Балкан и работи на мониторирање на полицискиот интегритет, како и лобирање за реформи за справување со корупцијата.
Повеќе резултати од истражувањето се достапни тука: http://www.analyticamk.org/en/events/596-public-opinion-survey-results