Најава за конференција: Спротивставување на насилниот екстремизам во Македонија - 19 октомври
Аналитика тинк тенк организира презентација на истражување на тема “Напорите на Рeпублика Македонија во спротивставувањето на насилниот екстремизам - поглед од граѓанското општество.” Настанот ќе се одржи во среда, 19 октомври во хотел Мериот со почеток во 09:30 часот (регистрација).
Првична агенда на настанот е прикачена на самата покана. |
На презентацијата на истражувањето ќе може да се чујат повеќе информации околу тоа:
- Колку Република Македонија е институционално подготвена и што треба да се подобри за поефикасно спротивставување на насилниот екстремизам односно феноменот на странски борци?
- Кои се локалните специфики по ова прашање во градовите низ Македонија (Скопје, Тетово и Куманово)?
- На кое ниво е регионалната соработка и која е моменталната состојба во Албанија и Косово околу спротивставувањето на насилниот екстремизам?
- Што со повратниците откога ќе се вратат во Македонија?
Работен јазик на настанот е македонски, албански и англиски. Симултан превод на сите три јазици ќе биде обезбеден.
Доколку сте заинтересирани за присуство на настанот Ве молиме да испратите потврда на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на тел.+38923151948, моб.+38970732902.