„Мониторирање на јавните финансии во Република Македонија“

„Мониторирање на јавните финансии во Република Македонија“

„Аналитика“ на 09.11.2017 година на конференција ги претстави заклучоците од истражувањето „Мониторирање на јавните финансии во РМ“ во областа на јавен долг, праведно оданочување, јавна инфраструктура и јавни-приватни партнерства.

Во областа на Јавниот долг истражувањето на Тамара М.Спасова покажува дека земјата има потреба од воведување на Фискален совет како независно тело составено од експерти по финансии и економија со цел да се обезбеди транспарентен увид. Статистиките на задолженост од 2000 до 2008 година покажуваат континуирано намалување на јавниот долг од 47,9% од БДП до најниското ниво 23% од БДП во 2008г, и оттогаш па наваму вели Спасова јавниот долг се дуплираше. Според министерството за финансии, денес тој изнесува 45,8% од БДП. Спасова истакна дека проблемот всушност не е во висината на јавниот долг туку во тоа што тој се зголемува многу брзо и средствата од задолжувањата се трошат непродуктивно, неодговорно и на промашени инвестиции кои не носат приход потребен за исплаќање на долгот. Таа напомена дека “Jавниот долг мора да биде редовен предмет на ревизија од независно ревизорско тело, мора да биде на јавен увид пред граѓаните како и за секое поголемо задолжување треба да има јавна дебата”.

20171109110700 IMG 0060 39321

Бојана М.Христовска истакна дека рамниот данок не стимулира повисок економски раст. Христовска смета дека треба да се воведат итни реформи во даночната политика, но такви кои нема да се однесуваат само на воведување прогресивна стапка кај персоналниот данок на доход, туку и на данокот на добивка кај фирмите, затоа што банките од година во година рушат рекорди во остварени приходи. Таа потенцира дека главната порака е да се оданочат профитите “Секаде во светот, како и на Балканот, постојат фрапантни податоци дека најголемите компании не само што не ги плаќаат законските даночни стапки, туку дури добиваат поврат од државата. Пример за тоа е Унгарија, каде даночната стапка на добивка е 9 проценти, а најголемите 10 компании плаќаат само 0,5 проценти. Дајте еднаш засекогаш да прекинеме со овие практики”, рече таа.

Соња Ристеска за анализата на Јавна инфраструктура истакна дека “Нема целосна анализа колку е вложено во јавната инфраструктура по последниве 20г и колку е таа корисна”. Според Ристовска се инвестира и во инфраструктурни проекти кои предизвикале повеќе штета од корист и во случаи кога имало голема потреба од инфраструктура.

Мирослав Трајановски правен експерт за јавното-приватно партнерство рече дека најголем проблем се митото и корупцијата. “Потребна е изработка на студија која ќе опфати економска, техничка и правна анализа на склучените договори”. Според него податоците (известувања за договор и тендерска документација со урнек договор) треба да се достапни за сите заинтересирани приватни партнери.

23516085 1693129270731726 1633458244 o ca330

На конференцијата за „Мониторирање на јавните финансии во Р.Македонија“ меѓу присутните беше и Бранимир Јовановиќ, советник во Кабинетот на министерот за финансии, кој рече дека министерството размислува за промени кај данокот на добивка.

 

Заеднички заклучок на сите учесници е дека зголемена транспарентност и отчетност во јавните финансии како и вклученоста на граѓаните во процесот на креирање на јавни политики се клуч за стабилен финансики систем. Голема благодарност до професорите Trenovski Borce , Branimir Jovanovic ,правниот експерт Мирослав Трајановски и сите останати кои дадоа значаен придонес во дебатата.

Студиите достапни на следниот линк:

  1. http://www.analyticamk.org/images/2017/Javen-dolg_01_dbc9f.pdf
  2. http://www.analyticamk.org/images/2017/Javna-infrastruktura_03_76add.pdf
  3. http://www.analyticamk.org/images/2017/PPP_03_718ad.pdf
  4. http://www.analyticamk.org/images/2017/Pravedno-odanocuvanje_01_3c948.pdf