ЛЕДС (развојни ниско-емисиони стратегии) Регионална платформа за Европа и Евроазија - Воведна Работилница
На 7 и 8 декември 2016 година, истражувачкиот и менаџмент координатор Соња Ристеска зеде учество на Воведната работилница во Будимпешта, Унгарија, во врска со формирањето на Регионалната платформа ЛЕДС за Европа и Евроазија (E & Е) (ЛЕДС-ЕЕП). Ова ќе биде регионална платформа на глобалното партнерство на ЛЕДС за регионот на Е & Е.
1 МИСИЈА
Мисијата на ЛЕДС-EEП е да се создаде и поддржи заедница на експерти кои ќе ги промовираат и имплементираат развојните ниско-емисиони стратегии (ЛЕДС) во регионот на E & E, кој е составен од Европа и земјите од регионот на Црното Море. Платформата е дизајнирана за поддршка на учење помеѓу еднаквите, размена на знаењa, советодавна поддршка и подобрување на регионалната координација и соработка меѓу владините и невладините партнери, вклучувајќи ги и академските институции, бизнис здруженијата, невладините организации и поединци за да им се помогне на земјите од E & E да постигнат трансформација и одржлив и климатско освестен економски раст во 21-от век.
2 ЦЕЛИ
ЛЕДС-ЕЕП ќе ја оствари својата мисија преку следните цели:
- Создавање на регионален менаџмент на знаењето и комуникациска платформа на ЛЕДС за поттикнување на размена на информации и споделување на искуства и експертиза во земјите во регионот на Е & Е;
- Зајакнување на лидерството, експертиза, координација и поддршка за ефикасно спроведување на ЛЕДС во сите земји од регионот;
- Подобрување на дијалогот помеѓу широкиот спектар на владини и невладини учесници под влијание на потенцијалните политики кои ќе произлезат од ЛЕДС;
- Обезбедување на метод на координација на малите донаторски средства за техничка помош; и
- Дејствување како катализатор за унапредување на регионалната соработка, интеграција и развој.
ЛЕДС-ЕЕП ги усвојува овие принципи од Глобалното партнерство на ЛЕДС при работењето и во донесувањето на одлуките во платформата:
- Отвореност, инклузивност и транспарентност;
- Kвалитет во работењето и донесувањето на одлуки врз основа на заслуги;
- Поврзување на политиките, пракса и истражување;
- Комбинирање на знаење со искуство;
- Базирано на докази застапување и градење на консензус;
- Размена на искуства, практики, податоци, информации и знаење.
Овој процес е поддржан од УСАИД. Повеќе инфо на следната страница: http://www.leds-eep.org/index.php
Аналитика потпиша писмо за намери за учество во Управниот одбор на ЛЕДС-ЕЕП и ќе продолжи да ја поддржува оваа иницијатива и во иднина.