Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија
Аналитика денес ги презентираше наодите од документот: Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија, изработена во рамки на на проектот од CIVIKA Mobilitas ‘‘Јавни финансии - со посебен фокус на Јавно Приватно Партнерство‘‘.
Аналитика истакна дека е потребно Јавното приватно партнерство да биде во интерес на граѓаните а не само бизнис интерес.
Со цел успешна имплементација на проекти со ЈПП потребно е зајакнување на институционалните капацитетите на централно и локално ниво. Непочитувањето на одредбите од Законот, пропусти во начинот на спроведување на отворената постапка за доделување на договор за ЈПП, како занемарување на граѓанскиот сектор во процесот на одлучување, се главните проблеми.
На настанот учествуваа претставници од општините, Министерството за економија, како и претставници од невладините организации и медиумите.
Наодите ги презентираа Tamara Spasova и Bojana Mijovic Hristovska