Годишна конференција на ИПА 2 Механизмот
На 15 и 16 септември 2016 година, се одржа втората конференција на ИПА Механизмот, кој ефикасно ја поддржува партиципативната демократија преку соработката меѓу Владата и граѓанските организации, организирана од страна на МЦЕО, Еко-свест, Реактор и Асоцијацијата Зенит.
На средбата беа избрани нови претставници на граѓанските организации во секторските групи на ИПА (2016-2020), беше претставен проектот IPA2CSO финансиран од Европската Унија и нашиот истражувачки и менаџмент координатор Соња Ристеска збореше за регранитаниот проект, добиен токму од IPA2CSO, насловен “Состојбата во секторите транспорт и енергетика во Република Македонија, како до забрзување на реформските процеси„ чија што цел е да:
- - Овозможи подобрување на состојбата со реформските процеси во секторите транспорт и енергетика.
- - Поголемо вклучување на граѓанскиот сектор при развојот на секторските политики на горенаведените теми.
- - Изработка на експертски извештај кој ќе ги идентификува главните проблеми кои постојат во овие два сектора со што од тоа ќе произлезат иновативни решенија за забрзување на исполнување на реформите на патот кон ЕУ.
- - Подобрување на јавните дебати за политиките што ќе води кон зголемување на бројот и квалитетот на учесници во дебатата за така важни прашања како енергија и транспорт.