Глобална средба за борба против екстремизмот
Нашиот истражувач за безбедносни прашања Филип Стојковски, презентираше на темата “Борба против насилниот екстремизам во Македонија” за време на глобалната средба за превенција на насилен екстремизам организирана од УНДП, која се одржа во Осло од 14ти-16ти Март.
На оваа средба присуствуваа околу 140 учесници кои работат во различни области. Владини претставници, претставници од агенции за развој, невладини организации, универзитети, медиуми како и од безбедносните структури споделија искуства и добри пракси и пристапи во превенцијата на насилниот екстремизам.