Форум на граѓанското општество - Трст
На 11 и 12 јули се одржа Форумот на граѓанското општество во Трст, Италија, кој е поврзан со четвртиот меѓувладин Самит на земјите од Западен Балкан и ЕУ и ги собра претставниците на граѓанските организации со цел да се обезбеди платформа за нивното влијание врз т.н.Берлински процес.
Форумот ги разгледуваше темите кои што беа на дневен ред на политичкиот Самит: младинска соработка, владеење на правото и антикорупција, развој на претпријатијата и иновативни потенцијали, регионална соработка и билатерални прашања; Исто така, беа иницирани дебати за прашањата како што се животна средина, енергетика и климатски промени, миграции, слобода на медиумите, прашањето на Брегзит во врска со Западниот Балкан и евентуалната улога на граѓанското општество во зголемувањето на ефикасноста на Берлинскиот процес преку комуникација. Повеќе информации за форумот тука:
http://wb-csf.eu/civil-society-forum-trieste-2017/
Истражувачкиот и менаџмент координатор, Соња Ристеска, учествуваше во работната група за енергетика, климатски промени и животна средина, каде што главната порака која што произлезе од граѓанските организации упатена кон нашите министри и политичари беше: не треба да се развиваат стратегии за енергетика, животна средина и климатски промени само околу еден единствен проект (како во случајот на косовската термоелектрана Косова е Ре или Стратегијата за енергија во Босна и Херцеговина), туку тие треба да бидат сеопфатни и визионерски документи дизајнирани како резултати од партиципативниот процес кој што треба да вклучува локални експерти и граѓански организации. Потребни се контра-поларизирачки, отворени процеси за барање решенија кои не се ограничени од претходни наративи: носителите на одлуки/владите мора да ја имаат предвид огромната потреба за јавни дискусии при развивање на инфраструктурни проекти (постоечките и новите електрани во WB6 се многу добар пример), мора да се обезбеди заедничко разбирање на процесот и мора да ги земат предвид економските и ефектите на сиромаштијата на овие проекти. Инфраструктурните проекти не смеат да им наштетат на добробитта и здравјето на граѓаните, природата и идните генерации и не смеат да создаваат социјален конфликт меѓу граѓаните. Стратегиите во домените на животната средина, енергетиката и климатските промени треба да бидат поставени на добра основа, да бидат ефективни и изготвени на транспарентен начин.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10156491745902178&id=207078642177
Главниот документ со клучните препораки може да се најде тука.
Заедничкото соопштение за медиумите на земјите учеснички на Самитот напомена: “додека се забележува генерално добар напредок во подготвителната работа, лидерите на Западниот Балкан ја признаа потребата да ги зголемат своите напори за да се имплементираат мерките и да се направи вистинска разлика на теренот за привлекување на инвестиции и искористување на нивната целосна корист. Имајќи предвид дека политиката за одржлива енергија и борбата против климатските промени се суштински поврзани, Европската комисија, Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа и Секретаријатот на Енергетската заедница ќе продолжат да ја поддржуваат оваа работа. Самитот ги истакна напорите преземени за да се поддржат две иницијативи за енергетска ефикасност објавени на Самитот во Париз и изразија задоволство од започнувањето на иницијативата REEP +. Самитот го разгледа напредокот на Регионалната стратегија за одржлива хидроенергија на Западен Балкан, која беше објавена на Самитот во Париз 2016 година и ќе биде понатаму развиена за да ги дефинира насоките за развој на хидроенергијата во Регионот, кои обезбедуваат почитување на правото на ЕУ за животната средина и релевантните меѓународни договори.„