Доверба во полицијата
Аналитика тинк тенк преку Регионалната мрежа на граѓански организации ПОИНТПУЛС организира презентација на резултатите од јавното истражување на тема “Ставот на граѓаните околу работата на полицијата”. Настанот ќе се одржи во четврток, 1 септември во хотел Stone Bridge со почеток во 10 часот.
На презентацијата на истражувањето ќе може да се чујат повеќе информации околу тоа:
- Колку и веруваме на полицијата?
- Kако граѓаните го перцепираат просечниот полицаец?
- Колку е распространето нивото на корупција?
- Колку политиката влијае на работата на полицијата?
Резултатите од истражувањето на ставовите на граѓаните на Македонија ќе бидат презентирани и споредени со ставовите на граѓаните од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.
Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани од Андреја Богдановски и Филип Стојковски, истражувачи за безбедносни политики при Аналитика.
Работен јазик на настанот е македонски. Симултан превод на англиски и албански ќе биде обезбеден.
Во исто време презентации на темата ќе бидат одржани и во Тирана, Сараево, Белград, Подгорица и Приштина каде резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани од страна на проектните партнери: Институт за Демократија и Медијиација, Центар за безбедносни студии, Белградски центар за безбедносни студии, Институт Алтернатива и Косовскиот центар за безбедносни студии.
Доколку сте заинтересирани за присуство на настанот Ве молиме да испратите потврда на;
- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- тел. +38923151948,
- моб. +38970732902.
- www.analyticamk.org
- pointpulse.net