Аналитика денес одржа работилница за размена на искуства и знаења од областа на јавно приватно партнерство во Македонија
На работилницата учествуваа претставници од Министерството за економија, претставници од општините Аеродром, Центар и Чаир како и експерти во областа и претставници од невладиниот сектор.
Главна тема на дискусија беа законската рамка за ЈПП, договорите за ЈПП, процесот на имплементација и следење на ЈПП како и предизвиците со кои се соочуваат институциите и компаниите при примената на ЈПП.
Работилницата се реализираше во рамки на проектот ‘‘Транспарентност и отчетност на јавните финансии – поглед од граѓанското општество“ со посебен фокус на Јавно Приватно Партнерство‘‘, поддржан од ЦИВИКА Мобилитас.