Дали верските заедници треба да учествуваат во спротиставувањето на насилниот екстремизам?
Направени се многу анализи и истражувања на Балканот во последниве неколку години околу тоа кои се главните причини за ширењето и практикувањето на насилниот екстрмизам.
После сите тие истражувања кои продолжуваат да се спроведуваат , сепак е тешко да се заклучи кои се главните мотиватори позади ширењето на насилниот екстремизам. Сепак има неколку фактори кои најмногу се спомнуваат и тоа: идеолошкото уверување пропагирано од страна на само-прогласени проповедници, невработеноста, тешката економска состојба, недостаток на перспектива кај радикализираните во земјите од коишто доаѓаат, дисфункционалност во семејствата, недоволната комуникација помеѓу родителите и наставниците, итн.
Стратегијата на Македонија за борба против тероризмот, усвоена на 15 март 2016 година, во мали делови исто така ги опфаќа превентивните активности и можностите за програми за дерадикализација. Ова се извадоци од стратегијата за адресирање на радикализацијата и незјина превенција:
• Македонија го санкционира секое дело како кривично ако станува збор за припаѓање на воени и паравоени странски формации, но исто така се бараат и мерки за спроведување на стратегијата. Паралелно со превентивните мерки се предлагаат и чекори за реинтегрирање на овие борци во општеството;
• Спроведување на комплексни економски, образовни, социјални и безбедносни мерки и активности за кревање на јавната свест и отпорот кон факторите и лицата кои што ја поттикнуваат радикализацијата;
• Развој и спроведување на проекти за дерадикализација на веќе радикализирани поединци како и проекти за рехабилитација/реинтеграција на поранешни борци;
• Преземање мерки за спречување на радикализацијата во затворите.1
Важно е да се напомене дека во горенаведените точки не може да се забележи ангажирање на верските заедници во борбата против екстремизмот, феномен кои последните години во Македонија се појави токму преку референции на одредени верски проповедници. Имаше случаи каде што лица од Македонија се обвинети и осудени за учествување во различни екстремистчки групи во Блискиот исток2 и ваквите, но и други случаи каде што се забележува верска нетрпеливост или влијание на одредени радикализирани верски моменти треба да бидат во фокусот на мерките за дерадикализација.
Имајќи предвид дека влијанието на верските заедници и верски проповедници во Македонија е на високо ниво, тие треба да бидат дел од било која стратегија за спротивставување на секој вид на насилен екстремизам, особено на национално и локално ниво. Оваа беше поддржано и од страна на председателот на земјата Ѓорѓе Иванов кој што во неговиот годишен говор изјави: “Против радикализмот, екстремизмот и тероризмот треба да се бориме не само со вооружените сили и со органите за безбедност, туку и преку медиумите, цивилното општество, културата, верските заедници, училиштата и самите семејства... Притоа, во никој случај не смееме да го гледаме светот како црно-бел.
Во Македонија имаме вековен соживот меѓу христијаните и муслиманите. И тоа не ги направи христијаните помалку христијани ниту пак, муслиманите помалку муслимани. Напротив, и едните и другите се побогати со тоа искуство. Затоа, да ѝ помогнеме на Исламската верска заедница во нејзините напори за борба против изолираните екстремни поединци и за спречување на радикализацијата.„3
Во Македонија е многу потребна потесна соработка меѓу двете поголеми верски заедници, на христијанското и муслиманското население, преку организирање на тркалезни маси, дебати, и слични активности за промовирање на толеранцијата и соживотот. Особено е потребно да се даваат заеднички изјави против било кој вид на екстремизам, било тоа верски, националистчки, на спортските настани, итн.
Екстремизмот во Македонија не е во алармантно ниво но сепак, ако истиот не се адресира во брзо време и на правилнот начин, може да стане проблематичен за националната безбедност. Заради тоа, бара внимателен и сеопфатен пристап.
1 - Национална Стреатегија на Република Македонија за Борба Против Тероризам.
3 - Говор на председателот на Р.Македонија http://telma.mk/vesti/godishno-obrakjanja-na-pretsedatelot-ivanov-pred-pratenicite
Автор: Амир Кадри, Програма за безбедност и надворешна политика, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.