Покана за учество во работилница

 

pokana

Имајќи ја предвид важноста на ЕУ фондовите во Македонија, Еко-свест и партнерските организации Аналитика, Фронт 21/42, МЦЕО, ЕПИ, Реактор, Асоцијација Зенит, поддржани од Центар за граѓански комуникации, УСАИД и ФООМ организираат дводневна работилница за граѓанските организации.

На работилницата која ќе се одржи од 27-28 февруари во Охрид ќе се дискутира за Националниот стратешки документ (во прилог на пораката се наоѓаат англиска, македонска и албанска верзија) и ќе се собере придонесот на организациите за негово подобрување, ќе се спроведе избор на претставници на граѓанскиот сектор и ќе се креира механизам за консултации помеѓу владините институции и граѓанскиот сектор.

Работилницата ќе има цел на вмрежување и заедничко делување во делот на насочувањето на ЕУ фондовите (Инструментот за претпристапна помош) во Македонија.

Дневниот ред на работилницата може да го погледнете тука.

За учество во работилницата мора да се пополни пријава.

Пополнетата пријава треба да се испрати на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. (во насловот на пораката наведете го секторот во кој е пријавувате). Пријавата може да се најде тука.