Демант

Демант

По повод последните случувања со политичките превирања во Турција и нивното влијание во Македонија, Аналитика тинк тенк остро го осудува секој обид да се наруши угледот на организацијата и интегритетот на тимот на Аналитика.

Аналитика повеќе од десет години целосно и транспарентно фукционира по сите закони и прописи на Република Македонија.

Аналитика не е формирана во, ниту пак на било каков начин е поврзана со Република Турција, Аналитика е формирана од државјани на Република Македонија и работи исклучиво на реформи поврзани со државата како и на Евроатлантските интеграции на Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Аналитика тинк тенк транспарентно, отчетно и секогаш јавно објавувала и ќе објавува кои се донаторите, проектите и активностите кои ги презема. Секој обид тоа да се злоупотреби укажува на непрофесионалноста и неетичноста на тие обиди чии што намери не се засноваат на она што е реалност во работењето на организацијата.

Аналитика тинк тенк во моментов ги презема сите неопходни правни и други мерки за заштита на својот углед и репутација како во Македонија така и во странство.

Доколку ви се потребни повеќе информации околу нашата работа ви стоиме на располагање.

Со почит,
Аналитика тинк тенк